понеделник, 24 септември 2007

Алија Сиротановиќ - суперхерој

Се сеќавам бледо на две банкноти од времето на СФРЈ, но не знаев се до пред извесно време дека на нив се претставени ликови кои навистина постоеле, некако ми изгледаа како на нив да се некои апстрактни ликови кои го отсликуваат југословенскиот работен човек - ударник. Моето мислење го поткрепуваа бројните банкноти од тоа време со апстрактни ликови како деца, девојки и момчиња (овие се од времето на Анте Марковиќ).

На првава банкнота е претставен Алија Сиротановиќ, рудар од Босна кој победил во некој натпревар за копање јаглен (страшно) каде главен соперник му бил некој колега од тогашниот Советски Сојуз. Во тоа време не биле баш најдобри односите СФРЈ - СССР, па после победата Алија бил воздигнат како народен херој, па така 87 -ма година неговиот лик се нашол на банкнотава.


Втората банкнота е од 68 -ма година и според тоа што го најдов на нет повеќето луѓе мислеле дека тоа е токму ликот на работливиот Алија, но сепак на банкнотата е исцртан некој друг (не толку познат) работник од некоја железара исто во Босна.


Сето ова е зачинето со една анегдота која ја има на Википедија за случајот. Кога победил Алија на натпреварот за копање јаглен, Тито му понудил да му исполни било каква желба, но овој побарал само поголема лопата, по што најголемата лопата ја крстиле по него „сиротановиќка“.

За крај песна на Забрањено Пушење посветена на јунакот:

Zabranjeno Pušenje - Srce, ruke i lopata

Domovina naša je rodila
Hiljade i hiljade junaka
Jedan od tih delija
To je moj komšija Avdija

Nije bio on niti bombaš
Nije bio on niti sportista
Sve što je imao od oružja
To su srce, ruke i lopata

[...]

Нема коментари: