понеделник, 8 октомври 2007

Желби, честитки, поздрави, поплаки....

Почитувани колеги и колешки

На вчерашната седница на синдикатот, покрај изборот на синдикалец на годината беше донесена одлука да се отвори синдикален имејл и синдикална галерија.
Постапувајќи според одлуката, од денес па натака вашиот ценет синдикат реши да ви дaде шанса да се обидете да не контактирате и да не пофалите за нашите залагања и за прекрасните свински полутки и канти сирење.

Вашите барања и поплаки најверојатно нема да бидат прочитани, а уште помалку разгледани, но сепак бидете упорни и не престанувајте да ни досадувате, па можеби ако сте доволно упорни ќе добиете и награден ќотек.

Нашата имејл адреса е: синдикалец_АТ_гмаил.цом

Синдикалната галерија се наоѓа на http://picasaweb.google.com/sindikalec , а на неа ќе бидат поставувани фотографии од најважните синдикални седници, штрајкови, делење на K15,16,сирење,полутки, паста за заби, сапун, боја за кондури, леб, млеко.....

среда, 3 октомври 2007

По повод забавата

Другарки и Другари,

Вашето ценето, многувисоко почитувано, најомилено и најсакано синдикално раководство денес по повод Забавата органзиирана од т.н. борд на БЕСТ, на која ве повика Вас, наши драги синдикалци, достави допис во кој побара да се дели следување од по пијачка, две, три..... за секој работник (читај член) кој го вложил или не (ќе го вложи или не, сеедно) своето време за бенифитите на предузеќето (читај претпријатието на македонски, појасно да биде тоа е БЕСТ).

Еве го на кратко дописот:

„Драги наши раководители од 7 клучни сектори во БЕСТ или накратко бордисти (многу добро се римува со кариеристи), Ви се обраќаме со цел да обезбедите бесплатни пијачки за нашите членови, односно вашите работници со цел нивното залагање да бид наградено...... а синдикатот да ја земе заслуата..... за тоа сме тука, нели!!!

толку
потпис
Синдикалец„

Тоа беше се за сега, за сите дополнителни активности ке бидете информирани..... благовремено!!!!