среда, 26 септември 2007

З'ш одиме пеш? ШТРАЈК!!!!

Во ова турбулентно време, или како што викаат овие од горе, време на транзиција, кога сите се нафатираа и возат вакви или онакви аута..... ние одиме пеш. Заради горе наведенето, претходно искажаното, погоре потенцираното...... синдикатот бара од членовите на управниот одбор на следната седница да ни одобрат следување од едно ауто за службени потреби.... Аутото не смее да биде постаро од 2 (два) дена и мора да има доволно простор за 5 члена делегација и нормално да ги има сите матракуки (клима, радио, електрика на прозори, ABS, кожа и сл. Во спротивно ние ќе излеземе на Генерален ШТРАЈК и ќе го запоседнеме седиштето и никој нема да влезе!!!! Па да ве видиме како ќе работите после...... Рокот за донесување на оваа одлука е 8 дена!!!! Во спротивно..............ШТРАЈК!!!!

Синдикалец (one of all)

П.С. По повод ова синдикатот ќе издаде специјално издание на веке познатите "Сндикалки" со добро осмислен и дизајниран натпис ШТРАЈК и сите други пропратни елементи, кои ќе бидат во лимитирана количина специјално за оваа пригода....

понеделник, 24 септември 2007

Понуда за вработување

Бидејки зимата се приближува а во тој период започнува со работа пушницата во близина на Скопје......, главниот менаџер има потреба од две девојки за работа во пушницата, работно искуство не е потребно бидејќи во меѓувреме со работата ќе се стекнат со истото..... Само треба да бидаат ентузијасти и да имаат желба за работа бидејќи е исцрпувачка....а се другото ќе си дојде по себе......Плата во натура т.е ќе добијаат суџук во противредност. Конкурсот ќе трае до 31 Октомври 2007 година.
Апликации доставете .......

За секоја фотеља има и ОПОЗИЦИЈА

Во времето кога блоговите не беа нашироко познати низ нашава република, а во „иностранство“ ги користеа само некои забегани линуксаши кои пишуваа колку им е добар оперативниот систем што го користат, човекот кој го пишува текстов испрограмира тогаш нешто рудиментарно во PHP што не личеше баш на блог, но послужи да се документира еден дел од историјата на БЕСТ на многу опуштен (море премногу опуштен) и интересен начин.

Ѕирнете што вика
„ОПОЗИЦИЈА“

Подобра понуда здравје....

Драги пријатели бидејки капитализмот наметна една исцрпувачка битка за пари, и луѓето се помалце имаат време, и тоа време што го имаат, сакаат да го искористаат со своите најблиски. Бидејки не му се обрнува внимание на водеење здрав живот и конзумирање на квалитетна храна, дали поради недостиг на пари или време, сидикатот после една исцрпувачка седница донесе одлука да им излеземе во пресрет на вработените кои немаат време да пазарат, а од друга страна се помалце се наоѓаат свежи производи на нашиот мал пазар. Одлучивме да почнеме со снабдување на свежи, квалитетни производи кои синдикатот ќе ги добие од тендерот кој го објавивме веднаш по седницата. На тендерот се јавија многу заинтересирани производители али еден регистриран земјоделец од Батинци го доби тендерот. Понуди квалитетни и свежи производи, по доста поволни цени кои ние не можевме да ѓи добиеме од другите понудувачи. Склучивме договор на неограничен период.
Ценовник на производите:
1. Свински полутки.......................250 ден./кг ( со напомена дека ќе бидаат говедски али сепак радувајте се дека можеби ќе добиете свински ),
2. Сирење .......................................150 ден./кг,
3. Кашкавал................................... 200 ден./кг.

Со напомена дека треба да нарачате однапред, бидејќи ке има навалица по свежи производи, и ќе треба да донесете фискална сметка дека сте платиле кај нашиот благаjник, добро познатиот Стена, а дистрибутерот Нетков компани ке ви ги достави производите на домашната адреса.

Со почит,
Суки
функција: утеривач дугова.

Алија Сиротановиќ - суперхерој

Се сеќавам бледо на две банкноти од времето на СФРЈ, но не знаев се до пред извесно време дека на нив се претставени ликови кои навистина постоеле, некако ми изгледаа како на нив да се некои апстрактни ликови кои го отсликуваат југословенскиот работен човек - ударник. Моето мислење го поткрепуваа бројните банкноти од тоа време со апстрактни ликови како деца, девојки и момчиња (овие се од времето на Анте Марковиќ).

На првава банкнота е претставен Алија Сиротановиќ, рудар од Босна кој победил во некој натпревар за копање јаглен (страшно) каде главен соперник му бил некој колега од тогашниот Советски Сојуз. Во тоа време не биле баш најдобри односите СФРЈ - СССР, па после победата Алија бил воздигнат како народен херој, па така 87 -ма година неговиот лик се нашол на банкнотава.


Втората банкнота е од 68 -ма година и според тоа што го најдов на нет повеќето луѓе мислеле дека тоа е токму ликот на работливиот Алија, но сепак на банкнотата е исцртан некој друг (не толку познат) работник од некоја железара исто во Босна.


Сето ова е зачинето со една анегдота која ја има на Википедија за случајот. Кога победил Алија на натпреварот за копање јаглен, Тито му понудил да му исполни било каква желба, но овој побарал само поголема лопата, по што најголемата лопата ја крстиле по него „сиротановиќка“.

За крај песна на Забрањено Пушење посветена на јунакот:

Zabranjeno Pušenje - Srce, ruke i lopata

Domovina naša je rodila
Hiljade i hiljade junaka
Jedan od tih delija
To je moj komšija Avdija

Nije bio on niti bombaš
Nije bio on niti sportista
Sve što je imao od oružja
To su srce, ruke i lopata

[...]

недела, 23 септември 2007

На здравје!

Блогов го замислувам како поле каде секој ќе може да пишува што сака, да си ги стави на виделина своите социјални, егзистенцијални, општествени, љубовни... односно какви ќе му се најдат при рака пробелми. При недостаток на проблеми истите можат и да се измислат.

Блогери ќе бидат истакнати бестовци во областа на синдикалното дружење и здружување кои своето долгогодишно стекнато искуство ќе го преточат во зборови на овој блог.

Ајде, НА ЗДРАВЈЕ!!!

сабота, 22 септември 2007